Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност? Скринингот што го побара СДСМ, по пожарот во Трубарево, уште еднаш потврди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот не е загаден, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Анализите потврдија – 18 граѓани биле изложени на штетни материи со реални здравствени последици, токму од високото ниво на загаденост на воздухот. Ова е јавна здравтсвена катастрофа.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат.

Уште колку луѓе треба да заболат за власта да признае дека погрешила?

Оваа влада е директно одговорна за труењето на луѓе во Трубарево и околината. Лажеа дека воздухот само изгледал загаден, не било алармантно. Официјалните податоци што се објавија дури шест дена по пожарот покажува речиси дванаесеткратно надминување на кадмиумот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), зголемени вредности на арсен и олово.

Наместо навремена реакција, превенција и грижа за здравјето на граѓаните, власта избра да лаже и минимизира, да се обидуваат да ја покријат штетата со ПР-паравани, со некакви хибридни напади.

Вистината излезе на виделина – има заболени луѓе, има жртви на негрижата и непостапувањето на Владата на ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ со недели предупредуваше дека е потребна итна акција, скрининг и евакуација.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги заштитија граѓаните, ги доведоа во опасност, го загрозија нивното здравје. И за тоа мора да има одговорност.

СДСМ бара  итна политичка и институционална одговорност од сите надлежни што не постапија навреме – министерот за здравство, министерот за внатрешни работи, директорот на ЦУК.

Back to top button
Close