Капитенот на ПСЖ на листата на повредени
Капитенот на ПСЖ, Маркињос поради повреда нема да настапува во следните неколку недели. Тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари.
Од клубот не дадоа точна информација кога Маркињос го повредил мускулот (квадрицепс), иако Бразилецот ги одигра последните два натпревара против Олимпик Марсеј во француската лига и дуелот од Лигата на шампионите против Аталанта.
На тој начин Маркињос ја зголеми листата повредени во тимот на Луис Енрике, а од претходно се наоѓаат: Усама Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш.
ПСЖ утре игра натпревар против Оксер од домашното првенство, а во среда на 1.октомври ја пречекува Барселона во Лигата на шампионите. Маркињос со сигурност ќе ги пропушти овие два дуела.