МотоГП: Седма титула за Марк Маркез

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (Дукати) заврши второпласиран на денешната трка за Големата награда на Јапонија и со тоа на четири трки до крајот на сезоната ја обезбеди титула во светскиот шампионат во Мото ГП, вкупно седма во неговата кариера и прва од 2019 година.

За да ја обезбеди титулата во Јапонија на Марк Маркез му беше потребно да го надмине својот брат и единствен конкурент Алекс Маркез (Гресини Рејсинг) за три или повеќе поени, и заврши втор на патеката Мотеги, зад својот клупски колега, Италијанецот Франческо Бањаја.

Жоан Мир од Хонда беше трет, додека Алекс Маркез мина шести низ целта, препуштајќи му на Марк водство од недостижни 201 бодови во преостанатите четири трки до крајот на сезоната.

Со оваа титула, 32-годишниот Марк Маркез се израмни со италијанската легенда Валентино Роси, неговиот поранешен голем ривал, со седум титули во премиерната класа на мотоциклизмот, приближувајќи се до рекордот на друг познат Италијанец, Џакомо Агостини, кој освои осум светски титули во МотоГП.

Back to top button
Close