ЕХФ Европски куп: Тесен пораз на ракометарките на Чаир на гостувањето во Словенија

Пораз од три голови разлика (27-24), претрпеа ракометарките на Чаир на гостински терен од словенечки Млинотест Ајдовшчина изминатата вечер во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот претставник беше во негатива од шест голови на полувремето, (17-11), но во продолжението, ракометарките на Чаир заиграа многу поквалитетно и дојдоа на само два гола негатива (26-24) пред да примат гол во последната секунда од натпреварот.

Билјана Дамчевска со осум и Марија Николовска со пет голови беа најефикасни ракометарки во составот предводен од тренерот Басри Ларифи.

Реванш натпреварот ќе се игра идната сабота во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 19:00 часот.

Back to top button
Close