(ВИДЕО) Братот на претседателката на Кривичен суд добивал мито од газдата на „Пулс“

Истражувачката репортерска лабораторија направи видео сторијата за пожарот во Кочани, во која откриваат необјавени документи, досега необјавени снимки, но и сведоштва на лица кои го преживеале пожарот.

ИРЛ објавува дека најважниот материјален доказ биле мобилните телефони на таткото и синот, сопственици на „Пулс“, каде се комуницирало без страв дека ќе бидат фатени. Меѓу разговорите, имало и такви со инспектори, инспектори од МВР, како и со вработени во УЈП. Биле најавувани можни инспекции, но и која фискална каса да ја вклучи.

Последната преписка со вработениот во УЈП била на денот на несреќата, но таа била избришана, а се водела со локален инспектор од УЈП и брат на в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска.

Иако единаесетта на листа по бодови Даниела Димовска на 3 јули беше избрана за в.д претседател на Кривичниот суд во Скопје. Петнаесет дена подоцна на 18 јули Кривичниот суд го доби предметот за дискотеката Пулс.

Во обвинението недостасуваат инспекторите од УЈП кои газдата на клубот Деко ги подмитувал, а еден од нив е брат на претседателката на Кривичниот суд , Даниела Димовска.

Димовска е истата судијка која не сакаше да ги работи предметите против ВМРО-ДПМНЕ и истата судијка која го осуди Стевче Јакимовски.
Димовска своевремено била вработена во Собранието на Република Македонија како асистент на неколкумина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се само дел од информациите кои ги открива документарецот на ИРЛ за трагедијата во Кочани кој беше објавен денес.

Back to top button
Close