Осум новозаболени од Ковид-19 во тетовско

 Осум нови случаи со Ковид-19 се бележат од страна на Центарот за јавно здравје на подрачјето на шесте тетовски општини

– Четири од осумте случаи се жители на Општина Тетово. Два позитивни случаи има во Општина Јегуновце, а по еден имаат во општините Теарце и Брвеница, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово на тетовското подрачје за неносење заштитни маски на 31 лице им има изречено платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

– Во текот на изминатото деноноќие, на 12 лицa изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти СВР Тетово.

Извршени биле контроли на 316 лицa со вакви решенија и при тоа не било утврдено нивно непочитување.

Back to top button
Close