„Стоп за Вардариште“ за денеска најавува тричасовна блокада на мостот „Близнаци“
Иницијативата „Стоп за Вардариште“ за денеска најави тричасовен протест и блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Според најавата, која е објавена на фејсбук-страницата на „Стоп за Вардариште“, блокадата ќе започне во 15 часот попладнево и ќе трае до 18 часот.
„Поради игнорантскиот однос на институциите, протестите се интензивираат!“неведуваат од иницијативатаЖителите на Аеродром, Ново Лисиче и Маџари во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ изминатиот период одржуваат протести на мостот „Близнаци“ во Скопје, барајќи надлежните да ги слушнат нивните барања и да најдат трајно решение за дивата депонија во Вардариште.
Протестите уследија откако на крајот на август избувна голем пожар на дивата депонија во Вардариште, по кој воздухот со денови мирисаше на ѓубре и на изгорено.
Граѓанската иницијатива неодамна ги отфрли наводите на в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, околу политичката задnина на протестите, велејќи дека нивните активности не се под влијание на политички партии