Грчките власти велат дека се подготвени за новиот систем на идентификација при влез во ЕУ
Информацијата од ресорното грчко министерство е добиена на прашања на дописничката на МИА од Атина за подготвеноста на Грција за имплементација на новиот систем на ЕУ и начинот на неговото функционирање
Од 12 октомври, Грција ќе интегрира 99 пункта за пасошка контрола на своите граници, согласно стартот на имплементацијата на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија.VSKI
На пунктовите, како што наведуваат од Министерството за заштита на граѓаните на Грција, инсталирана е целата опрема која се однесува на ефикасно функционирање на системот, а до сите надлежни тела испратен е информативен материјал и извршени се посети за да се потврди подготвеноста и соодветноста на опремата.
Информацијата од ресорното грчко министерство е добиена на прашања на дописничката на МИА од Атина за подготвеноста на Грција за имплементација на новиот систем на ЕУ и начинот на неговото функционирање.
„Со исполнување на сите обврски и на централно и на оперативно ниво, со спроведени сите потребни технички тестови под целосна контрола, Грција е подготвена за новиот систем“,
наведуваат од Министерството за заштита на граѓаните.
Македонското МВР пред неколку дена извести за деталите околу воведувањето на новиот систем на ЕУ, наведувајќи дека неговата целосна имплементација ќе почне од 12 октомври на сите надворешни гранични премини на 29 земји, а се очекува целосно да се воведе до април 2026 година.
Новиот систем предвидува граѓаните кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ или Шенген-зоната да остават биометриски податоци (отпечаток од прст и фотографија) при првиот влез во некоја од членките на ЕУ.
Од 12 октомври стартуваат новите правила за влез во ЕУ – МВР информира за деталите
СПОДЕЛИ
Share
Tweet
Share
Последни новости
Post featured image
(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ…
2 октомври, 2025
Post featured image
Грчките власти велат дека се подготвени…
2 октомври, 2025
Post featured image
МВР: Во септември лишени од слобода…
2 октомври, 2025
Post featured image
Алиу најави проширување на странската комисија…
2 октомври, 2025
Post featured image
Османи: Во Чаир ќе прогласам вонредна…
2 октомври, 2025
360 степени
Сторија
Дебата
Саботажа
Тим
Контакт
©2025 360 степени, Сите права се задржани
Услови за преземање
Маркетинг
Импресум
Политика за приватност
Свет
Македонија
X