Упатството на ААВМУ за политичко рекламирање на седница на Уставен два дена пред изборен молк
„Иницијативата на Левица за Упатството на ААВМУ за платеното политичко рекламирање ќе биде ставена на следната седница, на 15.10.2025“ информираат денеска од Уставниот суд.
Датумот кога е закажана седницата на Уставен е на само два дена пред почетокот на молкот пред гласањето на Локалните избори 2025 кои се закажани за 19-ти овој месец.
Инаку, вчера Уставен суд соопшти дека ја прифати иницијативата поднесена од партијата Левица за упатството на ААВМУ за платеното политичко рекламирање и оформи предмет по кој ќе постапува. Од органот рекоа дека предметот е во претходна постапка.
-Формиран е предмет УЗ. бр. 70/2025 по поднесена иницијатива од партијата Левица. Предметот е во претходна постапка, се водат активности кои се предвидени за оваа фаза, информираа од судот.
Поради ознаката на предметот со УЗ ќе се оценува од уставните судии уставност и законитост на друг пропис или колективeн договор.
Кога лидерот на партијата Левица ја поднесе иницијативата до Уставен, паралелно со неа е поднесено и барање да се донесе времена мерка за стопирање на Упатството на ААВМУ.
Претходната постапка е уредена со членот 28 од Актот на Уставниот суд и во оваа фаза, како што се наведува во четирите става во него, судијата и советникот на кои им е доделена ги собираат податоците и известувањата што се потребни за одлучување во врска со барањето за поведување постапка