(ВИДЕО) Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари
„На пензионерите сакам да им порачам: вие сте последната група на граѓани којашто оваа власт ја прелажа,” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој потсети дека и пред пензионерите, излажани беа работниците, лекарите и земјоделците:
Филипче подвлече дека доколку останеше методологијата воведена од СДСМ, пензионерите денес ќе имаа двојно поголемо зголемување:
„Со т.н. воведување на линеарно зголемување на пензиите, го загрозија работењето на фондот. Дупката после исплатените 5.000 денари од 30% се зголеми на 50%. Тоа значи дека половина од парите за пензии ги покрива државата. Едноставно нема пари во фондот.”
„Ние таква дупка затекнавме во 2017 година и постепено ја намаливме до 30%. Имавме систем кој го зајакнува фондот и гарантира стабилна исплата,” рече Филипче.
„Овие 1.000 денари се веќе изедени од инфлацијата. Пензионерите едноставно нема да почувствуваат ништо. Уште една лажна кампања излезе на виделина.”
„Работата не е да ги прелажеш граѓаните. Работата е да им кажеш како се работи во нивна корист и во интерес на државата,” подвлече Филипче.