Снемало струја кај бунарите во Лепенец, тоа го предизвикало пукањето на цевката во Влае, водоснабдувањето се стабилизира
Прекин на електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец бил причина за дефектите на водоводниот систем, соопшти утрово ЈП Водовод и канализација.
„Како резултат на прекинот на струја предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем. Поради тоа настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот“, се наведува во соопштението.