Мицкоски не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста по локалните, да се распишат предвремени парламентарни избори, за, како што вели, да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат.

Христијан Мицкоски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ

За време на денешната посета на Струмица, Мицкоски изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на годинашните локални избори, логично е да се оди и на предвремени парламентарни избори. Но, како што рече, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата.

„Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки“,изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот Бизнис форум во Струмица.

Back to top button
Close