Гарсија за натпреварот со македонската репрезентација: Резултатот не ја одразува играта
Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, се осврна на ремито 0:0 синоќа со македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
– Направивме сè што можевме за да победиме. Имавме целосна контрола врз играта. Притиснавме добро и брзо ја освојувавме топката. Требаше да постигнеме гол, токму тоа ни недостасуваше. Резултатот не ја одразува играта, изјави Гарсија по натпреварот.
Белгија имаше 25 удари кон голот, додека гостите имаа три.
Со 11 бода од пет натпревари Белгија е втора во групата Ј од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Лидер е македонската репрезентација со 12 бода од шест натпревари.
На 13 октомври, Белгијците ќе играат против Велс на гостински терен.