Родителите на починатите во пожарот во “Пулс” го блокираа кружниот тек кај двојниот мост во Кочани
Како што вчера најавија на „Марш за ангелите“ родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска излегоја на едночасовна блокада во Кочани.
Овие блокади на родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март беа испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека судењето ќе трае 10 до 15 години.
-Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука – на кружниот тек, се додека не почне судењето, а за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри, порачаа членови на семејства што загубија свои блиски во мартовскиот пожар во „Пулс“.
Извор: infomax.mk