Мицкоски повторно со закани: Се стега обрачот околу обвинителите и судиите кои го штитат Филипче и СДСМ

,,Секој од вас, длабоко во себе знае дека луѓето од опозицијата кои се нудат за алтернатива се луѓе кои Македонија со години ја упропастуваа и ја држеа силно закована на дното. Луѓе кои не изградија ништо за народот, а за себе си обезбедија привилегии, удопства, дворци, хациенди и замоци”, обвини вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од митинг во Свети Николе.

-Она што сега ги мачи е чувството и сознанието дека се ближи времето на одговорност и се стега обрачот и околу нив и околу оние кои упорно ги штитат. За тие што ги штитат, пак, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе каже дека биле големи професионалци, а тие кои што ги штитат и се нивниот последен бастион, се малкумина обвинители и судии, и поради нив денеска довербата на народот во обвинителите и судиите е скромни 2 проценти. Тие два проценти доверба се последица на секој неказнет криминал, на сознанието дека повеќе од 100-тина пријави држат во фиоки и ја штитат својата политичка олигархија по секоја цена. Тие малкумина се нивните лакеи и измеќари, кои што се уште и служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Ова за СДСМ не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери. Затоа ве повикувам на 19ти Октомври да гласате масовно за дела, поддржете го нашиот кандидат за градоначалник на општина Свети Николе, Дејан Владев. Човек кој е вистинскиот избор за тебе, твоето место и твојата иднина, докажан како чесен и посветен во Свети Николе, рече премиерот.

Back to top button
Close