Денеска и утре посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Скопје

Поради официјалните посети на странски делегации, во Скопје денеска и утре, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на поширокото централно подрачје на градот.

Како што информира СВР Скопје, посебниот режим се воведува поради пристигнувањето на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој ќе престојува во земјата на денеска и утре.

Исто така, утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од тие причини, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот по сообраќајниците во центарот на градот.

СВР Скопје упатува апел до сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Back to top button
Close