Компаративна анализа локални 2021: Најголема излезеност во Арачиново, Сарај и Липково со градоначалници во првиот круг
Сарај и Липково добија градоначалници уште во првиот круг на гласање.
Во Скоро сите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок зголемена излезност во вториот круг – освен во Струга.
2021 та се случува промена на политичките сили во Тетово, во Гостивар тогашниот градоначалник успева да го освои и вториот мандат. Врз основа на податоците од ДИК, “Порталб” направи анализа на изборите резултати по Локалните 2021 ва…
Бетонирање на позиции но и промена на “политичките сили” во водечки општини предводени од градоначалници од албанскиот блок ..
Со освоени 107 595 гласови за градоначалници, ДУИ се рангираше на трета позиција според освоени гласови по вториот круг на локалните избори во 2021 та, на четврто место а како втора коалиција од албанскиот кампус со 57 296 гласови беше Алијанса на Албанците и Алтернатива а на петто место, како трета партија од албанскиот блок со 26 734 гласови беше рангирана Беса. Демократската партија на Албанците ДПА на Мендух Тачи во вториот круг освои 4 145 гласови со што се позиционираше на осмо место.
Вториот изборен круг на Локалните 2021 ва ќе биде пресуден за поголемите општини во кои се водеше битка меѓу ДУИ и тогашните “опозиционери” од албанскиот блок.
Во Гостивар по вториот круг, локалната власт останува во “рацете” на Арбен Таравари кој го стартува вториот градоначалнички мандат , како претставник на коалицијата АА и Алтернатива со освоени 58,18% од гласовите додека ФУИ освојува 40,34%. За разлика од Гостивар, ДУИ понесува победа во Струга со Рамиз Мерко кој освојува 53,27% од гласовите додека за АА и Алтернатива гласаат 45,38% од гласачите.
И по бројните “заткулисни” пазарења меѓу македонскиот и албанскиот политички блок, Кичево останува под “јурисдикција ” на ДУИ, Фатмир Дехари освојува 53,57% од гласовите додека Вмро -Дпмне и коалицијата 44,82%. Локалните избори 2021 ва ќе донесат промена на политичките сили во Тетово, со освоени 55,81% од гласовите власта ја презема Биљал Касами од Беса додека ДУИ добива доверба од 42,73% од гласачите.
Скопски Чаир – мегдан за мерење на партиските мускули меѓу ДУИ и Коалицијата АА и Алтернатива. По вториот изборен круг на чело на Чаир останува Висар Ганиу од ДУИ , освојувајќи 55,19% од гласовите.
Излезеноста – важна не само за легалитетот туку и за легитимитетот..
На Локални избори 2021 година од вкупно 1 801 965 во првиот круг на гласање излегоа 911 314 или излезност од 50,57%. Во вториот круг гласаа 532 804 граѓани или излезност од 50,69%.
Податоците од ДИК покажуваат дека највисока стапка на излезност, која во вториот круг се доближи до 63% е Арачиново а најмала од 37,95% имаше во Липково каде градоначалникот со убедливо мнозинство од излезените гласачи, беше избран уште во првиот круг.
Локални избори 2021 ( излезност)
1 круг 2 круг
Арачиново 54,56 % 62,97%
Гостивар 38,73% 40,56%
Дебар 42,95% 43,20%
Кичево 44,62% 48,06%
Сарај 46,76% /
Струга 43,99% 42,88%
Тетово 44,46 % 46,50%
Чаир 43,56% 44,31%
Липково 37.,95% /
Извор ДИК
За успешност на изборниот циклус за локални избори, според Изборниот законик, на гласање треба да излезат 33% од запишаните гласачи а во првиот круг на изборите победник може да биде оној кој ќе освои 50% плус еден глас од оние кои гласале.
“Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина” – дефинира Изборниот законик.
Сепак овие “математики” можат да бидат разнишани од бројот на неважечки ливчиња кои според досегашната пракса се движат во рамка од 3%.