Целото дебарско конзумно подрачје утре пет часа без електрична енергија
Поради неопходни редовни годишни активности во Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, утре во периодот од 10 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе биде целото дебарско конзумно подрачје.
– Поради неопходни редовни годишни активности за одржување и испитување на релејната електрична заштита на 110/35 киловолтниот регулациски трансформатор и ревизија на опремата, утре, ќе има привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Прекинот е во времетраење од 5 часа, во периодот од 10 до 15 часот, информираа за МИА од ЕСМ.
Додаваат дека оваа активност е од клучно значење за сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем во регионот и оти активноста е уредно пријавена и координирана со ЕВН.
За прекин во снабдувањето со електрична енергија на целото конзумно подрачје информираше и Регионалниот ЦУК-Дебар, во чие соопштение стои дека следниот ден 16 октомври, во период од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат дел од улиците „Атанасие Илиќ“ и „Вељко Влаховиќ“, во околината на Општинското основно училиште „Пенестија“.