Случај „Пулс“: Стотина страници приговори и ниедно признание за вина

Уште пред да почне судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу Јавното обвинителство и дел од адвокатите што ги бранат обвинетите се отвори жесток јавен судир, пишува Бирн.

Адвокатите го оценија обвинението како паушално и нејасно и со предвидување дека предметот ќе се суди маратонски. Обвинителството испрати писмо до Адвокатската комора, барајќи одбраната да се воздржи од јавни настапи додека не почне судењето. Оттаму, пак, возвратија дека барањето е обид за замолчување на бранителите.

Правната квалификација, бројот на обвинети и временскиот период за кој се однесува, го прави ова обвинение едно од најделикатните во поновата судска историја.

Токму тоа што сите обвинети се товарат дека со своето недејствување во период од 13 години директно се одговорни за пожарот во „Пулс“, предизвика реакции на дел од правната фела, која предупредува на ризикот да опстои обвинението.

 

За судењето да почне, судиите Моника Бахчовановска, Софче Гаврилова-Ефремова и Илија Трпков требаше да го поминат последниот правен филтер – решението за оценка на обвинението.

 

Скромно судиско образложение

БИРН дојде до оценката на судот за обвинението, која има 117 страници.

На 109 од нив се приговорите на обвинетите и нивните адвокати. Советот за оценка на обвинението не се впуштил во анализа на сите приговори поединечно. Оценил дека обвинетите ќе може да ја кажат нивната одбрана во судница.

Во кусото образложение, судиите се осврнуваат само на неколку, како оспорувањето на надлежноста на судот, прашањето за застареноста и вештачењето на Градежниот факултет. Таквите приговори ги отфрлаат како неосновани.

Повеќе

Back to top button
Close