Мицкоски за Д-р Кузмановски: „Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во врска со случајот за докторот Игор Кузмановски, од кого беше објавено компромитирачко видео на кое се гледа дека меша бела прашкаста материја во домашни услови, изјави:

„Тоа што се случи, се случи. Не треба да се враќаме назад. Инаку кога ќе ја гледате биографијата на професорот и мој колега ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија која што многу ретко ја има генерално на Балканот.
Тоа што моменти на слабост имал директорот поранешен претпоставувам него ќе го следи во текот на неговиот живот. И тоа е негова приватна работа немам што да кажам. Како влада го направивме тоа што требаше и веднаш реагиравме откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми“, рече Мицкоски.

Back to top button
Close