(Фото) Министерката Јаневска фотографирана како минува среде улица додека збори на мобилен и oпа цупа низ тревникот

Министерката за образование, Весна Јаневска е фотографирана денес во центарот на градот во близина на нејзиното работно место кај Нова Македонија, каде впрочем се наоѓа министерството за образование како прави поголем број на сообраќајни прекршоци.
Имено министерката Јаневска ја минува улицата на необележан пешачки премин, а потоа се гледа дека гази по средишното зеленило што исто така е недозволено.
Јаневска патем го користи и мобилниот телефон додека ја минува улицата што од неодамна стана казниво прекршочно дело со измените на Законот кои ги донесе министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
извор инфомах мк