ДИК: Излезноста до 15:00 часот е 31,16%

Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти резултати околу излезноста до 15:00 часот, како и текот на гласањето.

„До 15:00 минути пристигнати се податоци за излезеност на гласачките места од 3167 избирачки места. Гласале 515.069 граѓани односно 31,16%“

Најголема излезеност има во Берово 40,14 проценти; Богданци39,57 проценти; Валадндово 30,88 проценти; Гевгелија 35,78 проценти; Градско 37,12 проценти; Демир Капија 46,65 проценти; Дојран 48,88 проценти; Кратово 42,35 проценти; Крушево 47,35 проценти; Пробиштип45,12 проценти; Новаци 52,84 проценти…

Најмала излезеност има во Центар Жупа 17,12 проценти; Радовиш 24,24 проценти; Маврово и Ростуше 20,14 проценти; Гостивар 20,95 проценти…

Излезеноста во Град Скопје до 15 часот е 31,16 проценти.

Гласањето се одвива нормлано и со мирен тек, на едно избирачко место во Карпош се користи УВ ламба и УВ спреј.

 

Back to top button
Close