Пратеник и министер на Влен избркани во тетовско откако се обиделе да агитираат

Генералниот секретар на ВЛЕН и пратеник, Анднан Азизи, и министерот за економија, Бесар Дурмиши, се обиделе да учествувата во нелегална агитација во селата Селце и Вејце, но според локални извори, жителите ги избркале.

Жителите го опишале доаѓањето на Аднан Азиз како провокација, нагласувајќи дека „нема потреба луѓе кои досега не покажале интерес за проблемите на селото да се појавуваат тука“.

Според последните информации, во редовите на ВЛЕН во Тетово владее паника, поради бојкотот од поддржувачите на ВМРО.

Back to top button
Close