Мицкоски: Победивме во прв круг во над 30 општини, политиките на етноцентризам се поразени
ВМРО-ДПМНЕ има победа во над 30 општини уште во првиот круг од локалните избори, објави вечерва на прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Тој порача дека граѓаните на изборите не избрале партија, туку насока, вредности и луѓе што веруваат во работа.
Вечерва македонијуа не зибра партија туку насока вредности луѓе што веруваат во работа не зборови
„Оваа победа ја градевме чекор по чекор со работа и упорност. Оваа победа не е само наша, туку победа на сите кои веруваат дека државата треба да се движи напред. Патот не е лесен, но Македонија има сила и волја. Вечерва не славиме, туку ветуваме дека ќе работиме уште повеќе, секој глас ќе го претвориме во дело. Пред нас се две недели на одлука, да ја заокружиме победата што ја почнавме, не е време за опуштање, секој глас дома е подарок за оние што ја уништуваа Македонија“,порача Мицкоски.
Според него, тезата дека имало нерегуларности на денешниот изборен ден е плитко алиби за да се оправда слабиот резултат на опозицијата.
Како што посочи Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг освоила градоначалнички места во Делчево, Берово, Прилеп, Битола, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Карбинци, Демир Хисар, Кисела Вода, Гази Баба, Сопиште, Ресен и т.н.
„Имаме победа во Струмица во прв круг. Дваесет години чекавме на овој ден“,рече Мицкоски.
Тој додаде дека имаат и огромно водство во Град Скопје и оти победата на Орце Ѓорѓиевски ќе биде неизбежна во вториот круг, а како што посочи, очекува победа во втор круг и на кандидатот во Карпош, Сотир Лукровски.
Мицкоски изјави дека овие избори се и порака за лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Воедно овие избори се порака и за ДУИ. Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков почекај, непријатно ќе бидеш изненаден. Ова е тој ден. На овие избори политиките на етноцентризам и вештачки теми за орли и зајци се поразени, а се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не очекувам послушна опозиција, но далеку покапацитетна од оваа“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.