(ВИДЕО) Излезноста на вториот круг од локалните избори 45,71% – во Скопје гласале 33,82% од запишаните избирачи
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025, своето право на глас го оствариле 325.691 гласач, што претставува 45,71% излезност на ниво на цела држава.

Членот на ДИК, Оливер Кондрако, ги објави процентите по општини, при што најголема излезност е забележана во Демир Капија и Дојран (по 72%), како и во Крушево (68%) и Долнени (65%), додека најниска е во Куманово (33%) и Шуто Оризари (30%).
По општини, излезноста е следна:
Аеродром 42%, Боговиње 59%, Дебар 41%, Дебарца 60%, Демир Капија 72%, Дојран 72%, Долнени 65%, Зрновци 54%, Карпош 48%, Кичево 51%, Конче 70%, Кочани 40%, Крушево 68%, Куманово 33%, Македонски Брод 54%, Шуто Оризари 30%.
Во Град Скопје, каде се гласа во десет општини, од вкупно 474.304 запишани гласачи, на гласање излегле 160.131 лице, што претставува 33,82% излезност.
Кондрако оцени дека гласањето во најголем дел поминало мирно и без значајни инциденти, а резултатите од вториот круг се очекува да бидат објавени по завршувањето на пребројувањето на гласовите.






