Максим Димитриевски по трет пат е градоначалник на Куманово

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност.

Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови.

Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски рече дека Стојковски веќе му честитал.

 

 

Димитриевски рече дека ниската излезност е сериозен снак дека граѓаните на Куманово не се задоволни и дека во следниот период ќе работи да ја врати нивната доверба.

Back to top button
Close