Марта Кос: Македонија мора да ги направи уставните измени

Ние Европејците треба да направиме многу повеќе за да ја преземеме контролата врз нашиот континент, да ги браниме нашите демократски вредности и да ја заштитиме нашата сопствена безбедност, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.

– Ова може да се направи успешно само со заедничка работа со нашите соседи за да создадеме силна, стабилна, безбедна и обединета Европа заснована на заеднички вредности и принципи. Само ако го завршиме обединувањето на Европа, можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет на нашиот континент. Само заедно со сите оние кои ги делат нашите вредности можеме да обезбедиме Европа да има независен глас во светот, истакна Кос, додавајќи дека денеска презентираните извештаи треба да се читаат во контекст на брзо трансформирачкиот геополитички пејзаж.

За земјава Кос посочи дека е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и продолжуваат техничките подоготовки во однос на патоказите и Акцискиот план за преговори по првиот Кластер, но додека не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и мора „да го промени Уставот во согласност со заклучоците на Советот од 2022 година, за да напредува по својот пат кон ЕУ“.

Таа нагласи дека досега Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина постигнале „значителен напредок“ на патот кон ЕУ, што, според неа, покажува дека реформите се исплатуваат.

Back to top button
Close