Скокање во празен базен!

Mерсел Биљали

“Дури и кога фрлаат камења по тебе, кога те туркаат настрана, кога те влечат назад, продолжи кон својата цел, затоа што токму тогаш си блиску до успехот. Штом ќе ја достигнеш целта, сврти ја главата назад за да ги видиш тие несреќници, кои сè уште се на истото место и му го прават истото на некој друг! А тебе ќе те креваат до небо, и дури ќе кажат дека тие се најзаслужни за вашиот успех!“ – вели едена мудрост.

Оваа изрека е особено актуелна сега по резултатите од нашите локални избори! Социјални мрежи полни со сервилизам кон победникот, кого го навредуваа до вчера, и понижувања кон губитникот, кого цело време го фалеа! Ваква реалност, делумно е културолошка резултанта на сиромашно и примитивно општество со слабо созревена демократија. Тука со децении едни луѓе од интерес создавале секакви чудесни земски „богови“ а го игнорирале вистинскиот Бог. Долго време, партиска пропагандна машина ги учела луѓето да се сомневаат во можното, а да веруваат во невозможното. Се чини дека овдешни луѓе имаат потреба од колективен третман, барем за да разберат дека не е добро да скокаат во празен базен.

Секоја нормална нација создава нормални политички структури и нормални лидери. Но ние не спаѓаме тука, а и немаме логично објаснување зошто нормалноста бега од нас?! Исто како што нема логично објаснување како Македонија, од втора најразвиена земја на Балканот пред 30 години, сега е на последно место и продолжува кон дното! Косово веќе е пред нас со сите глупости на Курти. Немаме логично објаснување ниту за тоа како од солидно образование создадовме хронична неписменост! Како од еконимијата, здравството и екологија направивме депонии и мочуришта! Како тоа со чеканот на Јустиција ја утепавме правдата! Тука криминалците имаат сè освен име и презиме! И многу што друго „како тоа“! А ние продолжуваме низ темното минато ја бараме светлата иднина!

Поинаков изборен модел!

Првиот изборен модел што го имавме во плурални услови наречен „мнозински изборен модел“, воведе индивидуална конкуренција меѓу кандидатите на политички партии, па истите партии внимаваа кого ќе предложат, бидејќи дуелот меѓу нив беше директен, а гласачите беа во контакт со кандидатите, а не со партиите. Тие кандидати даваа јасни ветувања на гласачите во својата изборма единица, и по изборите силно се бореа за нивно остварување, бидејќи во прашање беа личното достоинство и авторитет. Впрочем, овој модел видно ги ослабнува партиските лидери, а ги зајакнува пратениците, ама и надежта на гласачите. Таков систем во повеќе држави се покажа како многу ефикасен, оти при такви пратеници владите повеќе се плашаат од своите пратеници отколку од пратениците на опозицијата. Тие често знаат да ја уриват својата влада без дозвола од нивната партија ако таа не ги завршува задачите. Во Велика Британија владите повеќе се плашат од нивните партиски пратеници отколку од опозицијата.

За разлика од мнозинскиот модел, пропорционалниот модел ги зајакнува партиските лидери. Создаваа послушност на пратениците кон лидерот, и видно ја намалува одговорноста на пратеникот кон електоратот. Тоа оти од самиот лидер зависи дали еден пратеникот повторно ќе биде кандиран на следните избори! Тука не помага многу ниту пропорционалниот модел со отворени листи, оти честио лидерот на партијата се иззема од внатрешна конкуренција. Тој се избира прв без лично да биде изгласаан од гласачите, па оттука рангирањето почнува од второрангираниот во листата. А каде е тука филтерот низ кој се проверува легитимната, па и кредибилната поддршка на лидерот пред гласачите? Оттука мнозинскиот модел има многу повеќе предности, а тоа што треба да има две рунди не значи ништо во споредба од потребата за правење функционален и одговорен систем потврдувајќи го сечии личен кредибилитет пред гласачите.

Познато е дека во голема мера злоупотребите, кршењата на законите, а и корупцијата се одвиваат низ менторството на лидерите на политички партии. Оттука и реалноста дека лидерите го предводат „стрелачкиот вод“ против Јустиција. И на овие парламентарни изборни бројни гласачи се фалаа за високата „цена “ за заокружување гласачко ливче. Нема многу причини да не веруваме во такво нешто во услови на осиромашен народ. Ние веќе сме навикнати да живееме со болеста и не сакаме да oздравиме. Паметните Германци туркаат со широки коалиции веќе четири мандати, но тие ја гледаат државата пред својот џеб. Кај нас се пее за „новото сонце што изгрева“, а цело време сме во темнина. Имаме идеални природни услови за развиено земјоделство, ама немаме ум. Бог не даде многушто освен срце и мозок, а и ум и разум. „На вашата земја не ѝ треба ниту тесна ниту широка коалиција, туку „коалиција на мозокот“ – рече еден странски економист. „Вас ви треба меритократски систем, писмени странски економски експерти, и подалеку од домашните експерти „цицачи“, и секако враќање на украденото. Поинаку не верувам дека долго време ќе ве има“ – кажа човекот со голема доза искреност.

Широка коалиција ќе може да ни помогне само ако исполниме и некои други услови. Прво, фер и чесни избори, а потоа според резултатите, треба да се бараат министерства за кои странците треба да го имаат последниот збор на долг рок. Второ, чистење на судството, исто така со помош на странци, бидејќи ако некој го истражи минатото на некои судии, ќе открие ужасни злоупотреби. Трето, апсолутно меритократски систем во изборот на кадри. Четврто, враќање на богатството стекнато нелегално или кое не може да се докаже. И последно, но не и најмалку важно, стратегија за развој дефинирана и следена од еминентни експерти. Бидејќи развојот не го прават умови кои немаат разум. Мора да се збогуваме со оние кои со години се збогатуваа продавајќи илузии.

На дипломатските кругови воопшто не им е гајле што ќе прави Македонија. Тие знаат дека Македонија постои за шака олигарси и знаат дека никој не сака да ја спаси. А зошто би ја спасиле тие кога тоа од нив не се бара. Тие знаат дека нејзината самодеструктивна стагнација ќе заврши некаде. Ама цената самите ќе го платиме. А „патриотите“ на парите први ќе избегаат од овдешниот пекол што им дозволи на некој остров да го изградат својот рај. Ние другите веќе сме навикнати да слушаме како се фали злото, а се преколнува доброто. Па затоа сега контејнерите ни се претворени во наши народни кујни. А како поинаку кога државата свесно се води без идеи, без идеали, и без визија. Нели бевме втора во регионот после Словенија, а сега сме во дното. Барем знаеме да докажеме дека и под дното постои уште едно дно резервирано само за нас. Долго време докажуваме дека имаме хроничен дефицит на елементарниот идеал. Затоа, експертска влада може да успее само ако има ментор и силен мониторинг од странци. Еминентни светски експерти за инвестиции веруваат дека со професионален пристап, Македонија може да направи големи економски развојни чекори за пет години. Но, ние не ги гледаме на хоризонтот, па затоа можеме само да потонеме во жив песок. „На вашата земја не ѝ е потребна широка коалиција, а уште помалку тесна коалиција, туку мозок-коалиција, ама и тука сте во голем дефицит.“ „Вие не сте ни свесни што ресурси имате, ама некои далечен ќе ја воскрсне ама без вас“ – заврши познатиот експерт. Така е кога се фалиме со злото и го мразиме доброто, и кога ги гриземе рацете што ни помагаат, а ги лижеме нозете на оние што нè клоцаат. A и опозиционерите треба да погледнат во саатот доколку ум работи!

 

 

 

 

Back to top button
Close