Италијански новинар доби отказ поради прашање за Појасот Газа на брифинг на ЕК
Италијанскиот новинар Габријеле Нунцијати доби отказ од новинската агенција Нова откако на брифинг на Европска комисија постави прашање дали Израел ќе ја плати обновата на Појасот Газа.

Тој со прашањето направи паралела со барањата на Европска Унија, Русија да ја финансира обновата на Украина.
Нунцијати истакна дека по брифингот имал „тензични разговори“ со претпоставените, а на 27 октомври бил известен за прекин на договорот.
Агенција Нова соопшти дека Нунцијати со прашањето создал лажно изедначување и покажал „недостиг на разбирање на основните принципи на меѓународното право“.
Италија е на 49 место во светот според слободата на медиуми според Репортери без граници и е најлошо рангирана во Западна Европа.






