Почина уште едно лице од пожарот во Тузла, бројот на жртви се зголеми на 12
Пожарот кој избувна синоќа во Домот на пензионери во тузла, БиХ, зеде уште еден живот.
Човекот починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Со тоа, бројот на жртви се искачи на 12, а повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци.

Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири лица се на респиратори и се во тешка состојба.
Пожарот избувна синоќа на седмиот кат, каде што имаше неподвижни лица.






