Полицајци спасиле тетовец, можел да изгори жив

t

Драматично спасување се случило вчераутро во Тетово, кога полицајци случајно забележале дека возач се наоѓа во автомобил „Голф“, кој се запалил, соопшти МВР.

„На 04.11.2025 во 07:40 чaсот на улица „Горна чаршија“ во Тетово, при вршење службени дејствија, полициски службеници од СВР Тетово забележале дека во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички настанал пожар, по што му укажале на возачот да го напушти возилото. Со противпожарен апарат, а подоцна и од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Увид е извршен од екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

 

Back to top button
Close