По налог на ОЈО ГОК за земање мито приведен е в.д директорот на Платежна агенција!

Во акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал денес нешто после 13 часот, неофицијално, лишен е од слобода В.Д директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Наводно се работи за земање на мито од 5 илјади евра (обележани пари) од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД. Дека директорот земал мито е констатирано со помош на одбележани пари.
Од МВР и ОЈО ГОКК ја потврдија акцијата.
– Полициски службеници во моментов вршат претреси на повеќе локации под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, стои во соопштението од МВР.
– Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, велат од ОЈО ГОКК и најавуваат детали во текот на утрешниот ден.
Стоилев кој е председател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Свети Николе е назначен за в.д директор во јули 2024 година, од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.






