Трамп контра Врховниот суд: Што по ѓаволите се случува, никој не ви кажал дека бизнисите се слеваат во САД поради тарифите?

Значи, да се разбереме? На претседателот на Соединетите Американски Држави му е дозволено (и целосно одобрено од Конгресот!) да ја запре сета трговија со странска земја (што е многу потешко од царина!), и да лиценцира странска земја, но не му е дозволено да воведе едноставна царина на странска земја, дури ни за цели на национална безбедност.
Тоа не е она што нашите големи основачи го имале на ум! Целата работа е смешна! Другите земји можат да нè царинат, но ние не можеме да ги цариниме? Тоа е нивниот сон! Бизнисите се влеваат во САД само поради тарифите. Дали на Врховниот суд на САД не му е кажано ова? Што по ѓаволите се случува?
Претседател ДЈТ“
Ова го напиша денеска претседателот на САД, Доналд Трамп, на мрежата Truth social. Неговата објава доаѓа откако, како што известија американските медиуми, тој во четвртокот им рекол на новинарите дека би било „разорно за нашата земја“ ако го изгуби случајот за тарифите кон странските земји пред Врховниот суд.
Според Си-Ен-Ен таа пресуда се чини сè поверојатна по сослушувањето пред Врховниот суд во средата, каде што либералните и конзервативните судии изразиле загриженост за нивната легалност.
Ако е тоа случај, „ќе мора да развиеме втор план за игра“, рекол Трамп. Трамп, за разлика од кој било претходен претседател, се потпира на федерален закон познат како Меѓународен закон за вонредни економски овластувања за да донесе повисоки царини. Тоа ги вклучува сите таканаречени „реципрочни“ царини што ги зголемија царините до 50% за клучните трговски партнери, вклучувајќи ги Индија и Бразил, и до 145% за Кина претходно оваа година, по што неодамна преговараше со кинескиот претседател, Кси, и постигнаа договор.
Според американските медиуми, царините донесоа речиси 90 милијарди долари плаќања од американските увозници до крајот на септември, според податоците на американската царинска и гранична заштита. Речиси никој, дури ни адвокатите кои се спротивставија на администрацијата на Трамп во Врховниот суд, не очекуваат тој да се откаже од царините, што е клучен дел од неговата сеопфатна економска агенда.
Но, наспроти критиките од медиумите и политичко-економските структури кои се блиски до демократите, на прес конференцијата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот, Трамп рече дека само во оваа година, благодарение на неговите мерки, инвестициите во американската економија достигнале 20 трилиони долари, за разлика од еден трилион во четирите години на неговиот претходник, Џо Бајден.
Вкупнот БДП на САД е околу 28 трилиони долари, така што сумата на инвестиции благодарение на царините што тој ги воведе, а што предизвика враќање на американските компании кои инвестираа во странство на домашно тло, е огромна.
Тоа што е интересно за нас е меѓутоа што во една од најдемократските земји на светот, никој не смета за зло ако претседателот се кара со врховните судии, па дури употребувајќи го речнникот како во оваа објава.






