Во Кичево продолжува трендот на намалување на активни случаи од коронавирусот

 Во Кичево денеска три нови лица заразени, а 15 оздравени од коронавирусот Ковид-19, покажуваат податоците од Министерството за здраство, со што вкупниот број на заразени во оваа општина достигна на 266 лица, од кои 86 се активни, 170 се излекувани и десет лица се починати. Според денешните податоци продолжува трендот на намалување на активни случаи во Кичево.

-Денеска кај нас имаме тројца новозаболени лица од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови но од друга страна бројот на активни случаи се намалува дури за 15 лица и падна на 86 што значи по подолг период имаме драстично намалување на бројката на активни случаеви во Кичево , вели доктор Станко Трпески, директор на Општата болница и член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .

Тој апелира до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close