Софиската ВМА го суспендираше Ненад Цоневски кој прегази куче, според медиумите тој ја напуштил земјата 

По вчерашниот инцидент во Софија, во кој лекар од Македонија прегази маалско куче, денеска Воено-медицинската академија, каде што тој работи, соопшти дека до завршување на истрагата, д-р Ненад Цоневски нема да ги извршува своите службени должности.

БНТ објави дека младиот доктор, кој признал во полицијата дека го прегазил кучето со ненамерен маневар, има казни за пребрзо возење во вредност од 1.650 лева. Доколку се докаже дека Маја била прегазена намерно со посебна суровост, виновникот може да добие до 8 години затвор.

Докторот бил исплашен од жестоките реакции на инцидентот и избегал од Бугарија, дознава порталот Lupa.bg.

Повеќе

Back to top button
Close