Инцидент во Град Скопје, полиција и брза помош на лице место!

Инцидент попладнево се случил во просториите на Град Скопје, каде поранешен вработен во Градот нападнал вработена, по што нападнатата се онесвестила. На местото на настанот се наоѓаат екипи на полицијата и брза помош, пренесе инфомакс.мк.

Настанот за Инфомакс го потврдија од МВР.

 

Напаѓачот, С.Б, инаку е поранешен вработен во Град Скопје, на кој работниот однос му е прекинат во 2024 година, а истиот редовно го придружува актуелниот градоначалник на Град Скопје за време на неговите изјави од позиција на градоначалник.

 

Според информациите на Инфомакс, напаѓачот вербално ја навредувал вработената и ѝ се обраќал на висок тон што предизвикало истата да се онесвести, по што била повикана итна медицинска помош.

Засега е нејасно во кое својство напаѓачот постојано е во придружба на градоначалникот Ѓорѓиевски и дали е дел од неговиот кабинет.објави инфомах мк

 

Back to top button
Close