Дијана Хрка се врати од болница, го продолжува штрајкот со глад во близина на Собранието на Србија
„МедиГруп“ доцна синоќа објави дека Дијана Хрка е примена во Општата болница на тој приватен здравствен систем поради влошување на нејзината здравствена состојба и дека, по дијагнозата, и е обезбеден постојан медицински надзор и соодветна терапевтска нега.

„Приоритет на сите преземени мерки е зачувувањето на нејзиното здравје и целосна медицинска безбедност“, соопшти „МедиГруп“ и побара од медиумите и јавноста да го разберат и почитуваат правото на пациентката на приватност.
Дијана Хрка штрајкува со глад веќе 12 дена во шатор во близина на српскиот парламент, барајќи вистината и одговорност за смртта лани на нејзиниот син Стефан и 15 други жртви од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, ослободување на студентите кои беа нелегално притворени за време на протестите во изминатата година и распишување вонредни парламентарни избори.
Ветераните што ја чуваат синоќа рекоа дека примила интравенска инфузија, но дека продолжува со штрајкот со глад.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е важно што примила терапија и дека лекарите ја процениле нејзината здравствена состојба






