Левица: 31% од приходите се обезбедуваат преку ново задолжување, секој трет денар што државата ќе го потроши е позајмен
Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не стимулира продуктивност и инвестиции и не создава нова вредност. Напротив, тој ја цементира зависноста од јавната потрошувачка и краткорочните политички ефекти“, тврдат од Левица преку соопштение.

Од партијата наведуваат дека капиталните инвестиции учествуваат со само 9,7% од вкупните расходи што е алармантно ниско ниво. Тоа значи дека државата троши за тековни потреби, наместо да инвестира во иднината.
Со ваков пристап не се гради економија туку се купува социјален мир. Особено загрижува што 31% од приходите се обезбедуваат преку ново задолжување. Тоа значи дека секој трет денар што државата ќе го потроши е позајмен. Дополнително 1,25 милијарди евра се за отплата на стари долгови, што претставува речиси петтина од буџетот. Со други зборови, државата работи за да враќа стари долгови, а во исто време зема нови кредити што директно води кон фискална нестабилност. Само за камати, наредната година треба да се исплатат 346 милиони евра






