ВИДЕО: Глувци шетаат во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Од управата им рекле „зар од глувци се плашите“
Видео-снимка, која повеќе студенти ја испратиле до „Студентарија“, покажува како глувци се движат по таванот на тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје.
Оваа снимка, како што се наведува, уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите, по серијата извештаи и фотографии за нехигиена и лоши услови кои пристигнуваа и од други студентски домови во изминатиот период. Според тврдењата на студентите, проблемот бил веднаш пријавен кај службите во домот. Меѓутоа, наместо соодветна интервенција и дератизација, тие наишле на несоодветен и омаловажувачки одговор. „’Од глувци ли се плашите?’, бил одговорот што го добиле студентите од службите во домот откако пријавиле дека во тоалетот им се наоѓаат група глувци,“ се вели во објавата.
Дури по повторно поднесените жалби, според студентите, службите им дале „решение“ – им бил предаден отров, со објаснување дека самите треба да го постават во просториите каде што се движат глувците.
Фото: 4news/видео: Студентарија






