Трипуновски му врати на Николовски: Ти ништо не разбираш, ама толку ти е капацитетот

Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците, реагира на ФБ актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски откако неговиот претходник остро го осуди за криминал.

„Неговата политичка кариера е завршена, па вака со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели. Со лаги и дезинформации не се владее.

 

И намести да глуми загрижен, добро би било да повика ОЈО да започне да го истражува неговото незаконско работење како поранешен министер.

 

Повторувам, нема простор за загриженост Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата.Претходно СДС во опозиција кодошеа и ја кочеа Македонија надвор, но тоа сега не им успева.

Владата останува посветена на транспарентно и отчетно работење, спроведување на реформите, подобрување на условите за живот на граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата

На крај би му препорачал, Љупчо ти текнува кога беше антикорупционер и врвно достигнување ти беше броењето на испиени чаши со вода на министрите, додека тоневте во криминал цела влада? Епа сега за разлика од претходно, се апси, нема повеќе наш и ваш. Принципот по кој владееше ти и владата на СДС, како до сега ЗАВРШИ. Навикни се, сега има закон, правила и прописи кои мора да се почитуваат. Секој што се огрешил пред законот и направил злоупотреба на службената позиција мора и ќе одговара“, напиша Трипуновски на ФБ.

Back to top button
Close