Почекајте и ќе видите – вели премиерот за постапката за разрешување на Коцевски
Што се однесува до Коцевски, почекајте и ќе видите. Вака гласаше кусиот одговор на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање што ќе се случува со државниот јавен обвинител, односно дали Владата ќе оди докрај со постапката за негово разрешување.

За потестување, на почетокот на годината, Владата иницира постапка за разрешување на Коцевски од функцијата државен јавен обвинител, која беше прекината по пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Мицкоски тогаш изјави дека постапката треба да остане во фазата во која се наоѓа во моментот поради настанатата трагедија и дека на обвинителски тим треба да му се даде шанса да работи на истрагата.
На 29 јули, пратениците со 71 глас „за“ изгласаа интерпелацијата на државниот јавен обвинител, што поднесе опозициската Левица.






