ВИДЕО: Утрово Aеродром започна со рушење на дивоградби се руши поранешно „Дежаву“

Во општина Аеродром денес започна опсежната акција за воспоставување ред и ослободување на јавните површини од нелегални објекти, пренесе 24инфо.

Прв на списокот беше поранешниот локал „Дежаву“ кај Капитол Мол, кој со години се наоѓаше на место идентификувано како дивоградба и незаконска узурпација на јавен простор.

Рано утрово, механизацијата пристигна на терен, а објектот беше целосно урнат во координација со инспекциските служби. Според документацијата, станува збор за конструкција без одобрение за градба, поставена на општинска површина наменета за пешачки и јавни содржини.

Општина Аеродром претпоставуваме дека ќе продолжува и на други локации каде се утврдени нерегуларности, со цел постепено отстранување на сите дивоградби што го нарушуваат урбанистичкиот поредок во општината.

Повеќе

Back to top button
Close