Мицкоски им вети финансиска независност на судиите – ќе гледаме како го трошат секој денар и очекувам Брисел да нѝ рече браво

Премиерот Христијан Мицкоски по континуираните изјави дека нема да дозволи зголемување на платите на судиите и критиките кон нив денеска во изјава за медиумите им вети дека ќе добијат финансиска независност и очекува од Брисел да излезат и да кажат му кажат „браво“.

Мицкоски вчера имал состанок со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, а после анализирале и со министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочоска и кажа дека ќе се донесат законите кои ги бара Европската унија, но од изјавата не беше јасно дали судството ќе добие 0,8 проценти од Бруто-домашниот производ како што бара ЕУ, бидејќи оваа бројка ја коментираше во контекст дека е висока и дека ќе се прави детална анализа како е тоа во современите земји.

– Она кое што се бара независност во финансирањето платите и практично да добијат независен буџет од државата и само да ја информираат извршната власт за одлуките кои ги носат. на пример планот за вработување и унапредување којшто го имаат судиите и обвинителите да поминува одобрен од страна на судскиот совет и советот на јавни обвинители а тие само да ја информираат извршната власт. во ред, во ред. после на состанокот се приклучи министерката за финансии анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент и дали се однесува буџетот на приходните страни, вкупните приходи или на Брутодомашниот производ. Но, треба да знаат дека во тој момент одговараат за секој денари пари потрошени од вас граѓаните. Од хигиенски препарати па се до реконструкција и санација на институциите. Ќе го добијат тоа. Еве јавно кажувам дека ќе го добијат откако ќе ја направиме деталната анализа како е тоа во современите земји. Сами нека вработуваат сами нека унапредуваат сами нека се грижат за сите оперативни трошоци, сами нека си даваат плата во рамките на буџетот, кој ќе биде онаков каков што е во неколку примери кои ги дефиниравме – рече Мицкоски.

Иако неколку пати кажа дека ќе добијат се, сепак од неговата изјава не може да се заклучи дека ќе се издвојваат 0,8 проценти од БДП, но вели дека за тоа очекува од Брисел да им кажат „браво“ и да добијат „петка“, а за возврат ќе бара одговорност од судиите.

-Само една работа ќе барам од нив одговорност за секој потрошен денар народни пари преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија која врши надзор над работењето, тоа се народни пари. Како што мене ме контролираат така и нив ќе ги контролираат. Треба да се свесни до нова година ќе ги донесеме законите, но ако останеме на ниво со едноцифррена поддршка за судиите и обвинителите ние ништо не сме направиле. Еве јас како претседател сум прв тоа да го добијат, да видиме тогаш што ќе пречи и очекувам од Брисел да излезат и да кажат браво и да ни кажат дека сме одлични дека петка сме добиле, затоа што нели тоа беше проблемот. Немало реформи, еве ќе ги донесеме до Нова Година, ајде да видиме дали е тоа пречката или е нешто друго – рече Мицкоски.

Тој не го коментираше писмото од судиите кои му порача дека излегува против нив со паушални наводи и дека ги преминал сите граници на добро однесување.

– Јас нема да давам одговор на таков тип на дописи, оставам јавноста да каже, еве граѓаните нека кажат дали се тие задоволни од испораката на правда во Македонија. Еве јас ќе молчам и ќе се држам до она што го дадов како одговор во претходното прашање. Се ќе добијат, секој денар ќе го гледаме каде го трошат, да не се случи потоа дел од нив да се најдат на обвинителна клупа. Еве бараат финансиска независното, ќе добијат, во рамките на тој процент што е во Европската унија. Не можеме ние да бараме 0,8, 1, 2 отсто, а да речеме во многу развиени земји е 0,2 0,4 проценти. Да не излезе сега дека повеќе трошиме од тоа што тие го бараат, но ќе го добијат јас ви ветувам дека ќе го добијат – рече Мицкоски.

Back to top button
Close