Дежа-ву: Додека ние управувавме со игротеката, сè беше целосно легално и со важечко одобрение издадено од Град Скопје

Реакција на тимот на Deja Vu Park по повпс РУШЕЊЕ НА ИГРОТЕКАТА „DEJA VU PARK“ – КАПИТОЛ МОЛ

Во врска со денешните настани и медиумски објави, сакаме јавно да ја појасниме вистината околу игротеката „Deja Vu Park“, која се наоѓаше кај „Капитол Мол“.

👉 Додека ние управувавме со игротеката, сè беше целосно легално и со важечко одобрение издадено од Град Скопје.

Објектот беше поставен по барање и во соработка со Општина Аеродром, со цел да се создаде безбеден и пријатен простор во интерес на граѓаните, особено за најмладите.

 

👉 „Deja Vu Park“ беше отворен простор со слободен влез за сите деца и семејства.

Тоа беше место на радост, насмевки и пријателства – место каде што секој беше добредојден без разлика на статус, потекло или можности.

Нашата единствена цел беше да создадеме простор исполнет со смеа и безгрижно детство.

 

👉 Затоа јавно ги замолуваме сите медиуми и портали да не шират невистини и сензационалистички текстови кои го нарушуваат угледот на луѓе што со години чесно и со љубов работеле за децата и семејствата во нашата општина.

Сите документи кои ја потврдуваат законитоста на работењето ќе ги објавиме јавно со текот на времето, за да ја прикажеме вистината пред граѓаните.

 

📌 Ние стоиме зад својата работа и зад сè што создадовме со почит, љубов и одговорност кон граѓаните.

„Deja Vu Park“ ќе остане запаметен како симбол на детска радост, а не како проблем.

 

Со почит,

Тимот на Deja Vu Park

Back to top button
Close