Делчево: Директорка на Здравствен дом работела и по навршување на 67 години, го оштетила буџетот за над 400 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба“, во периодот од 09.01.2022 до 28.04.2022, по навршување на 67 години старост продолжила со работа, за што по основ на плата и придонеси од плата се стекнала со противправна имотна корист во износ од 401.776 денари и го оштетила буџетот на Јавната здравствена установа

Back to top button
Close