Насилство на булевар во Скопје: 53-годишник нападнал дете со тупаници, клоци и со нож

Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го му зел велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што побегнал.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 53-годишник кој на 11 ноември извршил брутален напад врз 12-годишно дете.

Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, насилникот го пресретнал со електричен мотор и почнал да го удира со тупаници и со клоци по лицето и по телото.

Во еден момент извадил нож и замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.

Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Напаѓачот потоа го му зел велосипедот, му ги исекол гумите и го фрлил на булеварот, со намера да оштети возила, по што побегнал.

Back to top button
Close