Автобус на ЈСП утрово се запали во движење

Во автобус на ЈСП утрово избил пожар.

„На 15.11.2025 околу 06:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење, кој бил без патници“, информира МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Back to top button
Close