Македонија гласала против Резолуцијата во ОН која ги осудува нациозмот и нео-нацизмот

Македонија гласала против резолуција која ги осудува нациозмот и нео-нацизмот, објави на Фејсбук пратеникот Реџеп Исмаил.

– Нордистан со уште едно лудо гласање во ОН! Овој пат против резолуција која ги осудува нациозмот, нео-нацизмот и нивните современи деривати.

Иронијата да е уште поголема, токму Македонија е најзагрозена од европските држави со бришењето на историската меморија од времето на агресијата на фашизмот врз македонскиот народ. Особено актуелните спорови со Бугарија се директни влијанија на неофашизмот.

На здравје бричење – утре пак кога Тимчо и Мицко ќе ви кажат дека тие ни чекор повеќе не прават на штета на македонизмот ако не се сетите на ова тогаш пак да си ги гласате.

Инаку, очекувам ваквото гласање да биде осудено и од движењето за Палестина, затоа што шаблонот е исти – западната хемисфера е профашистичка и ционистичка. – вели Исмаил.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close