Трагедија во Карпош: маж пронајден мртов во својот дом

Во раните утрински часови денеска, во дом на подрачјето на општина Карпош, бил пронајден починат 55-годишен маж, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 01:10 часот, а станува збор за лицето З.С. (55) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош излегла на местото и констатирала смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Извор: skopje1.mk






