Ахмети го поддржа протестот во Стразбур за ослободување на поранешните водачи на ОВК

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека денес со ум и срце ќе биде на протестот организиран од ОВЛ УЧК во Стразбур, објави Ора њуз.

Ахмети рече дека тука започнала големата неправда врз ОВК и албанскиот народ.

„Овој суд не суди за што е основан, туку ги суди клеветите на Србија измислени од Русија. Хашими, Кадриу, Реџепи, Јакупи и другите се сојузници на Америка и Косово и нивното место е во Косово“, напиша Ахмети.

Тој нагласи дека „нивната невиност е потврдена од нашите американски и европски пријатели во Хаг“, па затоа побара ослободување на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.

„Неправдата мора веднаш да заврши, целиот албански народ се залага за правда за светоста на нашата ослободителна војна“, напиша Ахмети.

Протестот се одржува денес од 13:00 часот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close